Во текот на вчерашниот ден преку бројот 112 за полицијата биле насочени 286 повици, Итната медицинска помош била побарана во 72 наврати, а за противпожарната служба биле насочени 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297 повици
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден е регистриран најголем број повици кои досега во еден ден се евидентирани на единствениот број за итни случаи 112.

Имало вкупно 4 199 повици. Од нив, 711 биле за услуга каде што биле активирани институции за интервенција.
За полицијата биле насочени 286 повици или 40,2 отсто од вкупниот број повици, Итната медицинска помош преку бројот 112 била побарана во 72 наврати, што е 10,1 отсто од вкупниот број повици, а за противпожарната служба биле насочени 41,7 проценти од повиците, односно вкупно 297.
Центарот за управување со кризи добил 54 повици, а Авто-мото сојузот на Македонија два повика.