Оттаму додаваат дека јавен обвинител ќе издаде и наредби и насоки за испитување на причините за избувнување на пожарот и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или животната средина
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информира дека постапува во врска со денешниот инцидент во скопско Визбегово, каде што физички беше нападната новинарска екипа од ТВ Алсат за време на теренско известување за големиот пожар кој избувна на дивата депонија.

„ОЈО Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи и со Здружението на новинари, со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа на Телевизија Алсат е нападната и спречена да ги извршува своите службени задачи и да известува за пожарот во Визбегово“,
информираа попладнево од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека јавен обвинител ќе издаде и наредби и насоки за испитување на причините за избувнување на пожарот и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или животната средина.
Претпладнево во скопско Визбегово избувна голем пожар на отпад за старо железо. Во гасење на пожарот првично интервенираа 12 пожарникари со четири противпожарни возила од скопската противпожарна бригада, а во гаснењето на огнените јазици подоцна се вклучи и еден „ертрактор“ на ДЗС и еден полициски хеликоптер, кој потоа беше повлечен поради ветрот и густиот чад.
- Пожарот во Визбегово се гаси од воздух, ако има потреба ќе се евакуираат жителите од околните куќи, велат од ЦУК
- Хеликоптерот на МВР повлечен од гаснењето на пожарот во Визбегово поради ветрот и густиот чад
За време на денешното известување од терен на депонијата во Визбегово, новинарска екипа на ТВ Алсат беше цел на напад од, како што наведоа од ЗНМ, сопственикот на отпадот на дивата депонија. Оттаму побараа брза и ефикасна истрага и соодветна санкција за напаѓачот,