При гаснење на пожарот е повредено едно лице, кое веднаш е пренесено на укажување лекарска помош
Приведен е А.Н., сопственикот на отпадот што од утрово гори во скопско Визбегово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во моментов во тек е акција за гаснење на пожарот на оваа локација.

„Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот“,
се вели во полицискиот извештај.
Отпадот за старо железо, како што претходно соопштија од МВР, е регистриран на име на фирма „АСД метал груп“.
Во пожарот горат хаварисани возила, на кои имало монтирани плински уреди и од кои на терен се слушаат детонации.
Досега не се зафатени околните куќи.
При гаснење на пожарот е повредено едно лице, кое веднаш е пренесено на укажување лекарска помош.
Пожарот што избувна утрово на отпад во Визбегово се гаси со еден „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од копно во гаснењето учествуваат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на ЈП „Комунална хигиена“.