Напомош на пожарникарите им се пристигнати и цистерни со вода од јавните претпријатија

Дванаесет пожарникари со четири возила интервенираат во гаснење на пожар што од утринава гори во скопската населба Визбегово.
Како што вели командирот на скопската противпожарна единица Звонко Томевски, на оваа локација гори отпад од депонија.
Напомош на пожарникарите им се пристигнати и цистерни со вода од јавните претпријатија.
Од видеата и фотографиите што се поставуваат на социјалните мрежи се гледа дека во овој дел од Скопје се шири голем црн чад.
