Коментирајќи ги испораките на оружје за Украина од страна на САД и Европа, Песков оцени дека Западот го поддржува продолжувањето на конфликтот и наведе дека испораките на оружје за Киев најверојатно не се насочени кон мирно решение, туку кон продолжување на воените операции
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека снабдувањето со оружје на Киев не е во согласност со обидите за промовирање мирно решение на конфликтот во Украина.

Коментирајќи ги испораките на оружје за Украина од страна на САД и Европа, Песков оцени дека Западот го поддржува продолжувањето на конфликтот и наведе дека испораките на оружје за Киев најверојатно не се насочени кон мирно решение, туку кон продолжување на воените операции.
Тој додаде дека постојат контрадикторни информации за количеството на оружје што пристигнува во Украина.
„Очигледно е дека овие акции не промовираат мирно решение. Поточно, во овој случај, линијата што ја избраа Европејците е апсолутно насочена кон промовирање на продолжување на воените дејствија на секој можен начин“,
изјави Песков пред новинарите и додаде дека Русија сè уште чека украинската страна да предложи датуми за нова рунда директни преговори.
Песков рече дека Москва ќе ги објави договорените датуми штом ќе ги добие, јавија руските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе испратат повеќе оружје во Украина, пред сè одбранбено, за да ѝ помогнат на земјата да се справи со засилените руски напади, пренесоа светските медиуми.
Изјавата на Трамп доаѓа откако минатата недела беше соопштено дека Пентагон ги замрзнува пратките оружје за противвоздушна одбрана во Украина, вклучително и ракетите „патриот“ и прецизно наведувани артилериски гранати, што предизвика стравувања и реакции кај Киев дека овој потег ќе ја ограничи способноста на Украина да се одбрани од руските воздушни напади и да напредува на бојното поле.
Одлуката на Пентагон, која според новинските извештаи се заснова на проценки дека самата американска армија има намалени резерви со ваков тип оружје, наиде на критики од демократите, но и од дел од републиканците кои го поддржуваат Трамп.