На почетокот на состанокот Нетанјаху му врачи на Трамп писмо за кое рече дека го испратил до комитетот за Нобелова награда за мир, во кое ги пофалува напорите на американскиот претседател за ставање крај на конфликтите на Блискиот Исток

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако двајцата лидери се сретнаа за првпат откако САД започнаа напади врз нуклеарната програма на Иран, пренесува „Гардијан“.
На почетокот на состанокот, Нетанјаху му врачи на Трамп писмо за кое рече дека го испратил до комитетот за Нобелова награда за мир, во кое ги пофалува напорите на американскиот претседател за ставање крај на конфликтите на Блискиот Исток.
„Сакам да изразам благодарност и восхит не само од сите Израелци, туку и од еврејскиот народ. Вие го заслужувате тоа“,
рече Нетанјаху пред да му го предаде писмото на Трамп.
Ова е втора високопрофилна номинација за претседателот Трамп, откако минатиот месец Пакистан соопшти дека ќе го препорача Трамп за наградата.
Според него, Израел соработува со САД за пронаоѓање држави што би можеле да им понудат подобра иднина на Палестинците. На прашање за евентуалното преселување на Палестинците, Трамп одговори дека гледа подготвеност за соработка од соседните земји на Израел.
Нетанјаху истакна дека Израел е подготвен на мир со оние палестински соседи што не сакаат негово уништување, но задржува суверено право да ја брани својата безбедност. За евентуална промена на режимот во Иран, Нетанјаху изјави дека тоа зависи од самите Иранци.