Од видеата што дел граѓани ги споделуваат на социјалните мрежи може да се види дека пожарот не е далеку од населените места во општината

Апел секој што има расположливи ресурси и машини да се вклучи со цел побрзо ставање под контрола на пожарот што е активен во Општина Чучер Сандево, упати вечерва поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Тој во апелот објавен на неговиот фејсбук-профил вели дека веќе е степено во контакт со Република Србија за заедничко делување на пожарот.
„Апел за вклучување на сите кои можат да помогнат во гасењето на пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора. Секој што има расположливи ресурси, машини да се вклучи со цел побрзо ставање на пожарот под контрола. Надлежните институции стапија во контакт за помош и со Република Србија како заедно би се избориле против огнените стихии“,
пишува Богдановиќ.
Од видеата што дел граѓани ги споделуваат на социјалните мрежи може да се види дека пожарот не е далеку од населените места во општината.
Граѓаните велат дека ноќта ќе биде долга и се заблагодаруваат на сите што се вклучени во гаснењето на пожарот.