Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10

Има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Сител“.
Според него пругата и е потребна на државата веднаш затоа што ќе остане изолирана ако не ја изгради и модернизира.
Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
Брзата пруга ја најави министерот за транспорт, Александар Николоски во интервју за „360 степени“ кон крајот на април годинава.
Тој рече дека Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија, а изградбата на овој проект ја процени на околу две милијарди евра.
Николоски тогаш посочи дека поврат на инвестицијата се очекува за 10-12 години.
Меѓу другото, Николоски рече дека изградабата на пругата ќе биде инвестиција на државата, односно дека таа нема да оди под концесија или јавно-приватно партнерство, а очекува во 2031 година таа веќе да биде пуштена во употреба.