Четворицата обвинети добија и по десет години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска. Од друга страна, како што кажа судијата Ивица Стефановски на денешното изрекување на пресудата, Обвинителството не успеало да го докаже грабнувањето на Панче Жежовски, па за ова Судот ги ослободи од обвинение. Во оваа смисла, Обвинителството го докажало само грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска
Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев – Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и на секој поединечно им одреди доживотни затворски казни. Секој од четворицата обвинети доби и по десет години затвор за кривичното дело грабнување на Вања Ѓорчевска.

Од друга страна, како што кажа судијата Ивица Стефановски, Обвинителството не успеало да го докаже надвор од разумно сомневање грабнувањето на Панче Жежовски, па за ова Судот ги ослободи од обвинение. Во оваа смисла, Обвинителството го докажало само грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше обвинет за помагање, Судот го ослободи од обвинение.
„Судот не докажа надвор од разумно сомнение дека ги сторил далата за кои се товари”,
рече судијата Ивица Стефановски.
По изрекувањето на пресудата, обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска побара на Палевски, Манев, Видевски и Кешишев да им биде продолжен притворот до правосилност на пресудата. Во дополнение на барањето, обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска рече со оглед на ослободената пресуда за Александар Ѓорчевски, треба да му се укине мерката куќен притвор.