За време на нападот беа истрелани повеќе од 440 дрона и 32 ракети, додаде Зеленски. Цел на нападите беа 27 локации во главниот град, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко
Бројот на жртви од масовниот руски напад врз Киев во понеделникот се искачи на 21, соопштија украинските служби за итни случаи.
„Вкупно 21 лице загинаа во главниот град, а 134 се повредени“,
информираа тие на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа бил еден од најстрашните напади на Русија врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година.
За време на нападот беа истрелани повеќе од 440 дрона и 32 ракети, додаде Зеленски. Цел на нападите беа 27 локации во главниот град, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Во меѓувреме, уште две лица беа убиени, а 17 повредени во нападот врз Одеса. Уште две лица загинаа во регионите Суми и Херсон, објавија украинските власти.
Русија врши ноќни напади врз цели во Украина од почетокот на војната пред нешто повеќе од три години, но директните удари врз Киев беа ретки бидејќи главниот град е добро заштите со системот за противвоздушна одбрана.
Но, во последните неколку недели Москва истрела рекорден број ракети и беспилотни летала врз Киев, делумно и, како што се толкува, во знак на одмазда за украинската операција со дронови во која беа уништени бомбардери со долг дострел, стационирани во бази длабоко во Русија.