Од Министерството за внатрешни работи велат дека не станува збор за набавка на софтвер за шпионажа, туку за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер кој тие го користат повеќе од една деценија
Откако потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, на прес-конференција обвини дека Министерството за внатрешни работи реализирало сомнителна набавка на софтвер за прислушкување, од министерството попладнево пристигна демант.
Оттаму велат дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури.
велат од МВР.
„Овие алатки, не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот“,
Дополнително, се вели дека ист ваков софтвер бил набавен и во 2021 година, кога на чело на министерството беше Оливер Спасовски од СДСМ, што, пак, е факт што ја нагласува противречноста на обвинувањата на опозициската партија.
„Набавката е спроведена транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки и има единствена цел да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела“,
велат од МВР.
Од СДСМ утринава обвинија дека на почетокот на мај оваа година МВР потпишало договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонски уреди. Од партијата го објавија и договорот склучен помеѓу „Смарт солутионс“ и Министерството за внатрешни работи.
Потпретседателот на СДСМ рече дека софтверите „Селебрајт инсајтс про“ и „НовиСпај“, за кои се наведува дека се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно-информативна агенција, во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл биле поврзани со следење на новинари и активисти.
Илиевски се повика и на извештајот на „Амнести интернешнл“, кој, како што рече, објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.
СДСМ прецизираше дека МВР набавува годишна лиценца за софтвер „Селебрајт инсајтс онлајн про“, годишна лиценца за „Recon ITR“, „Recon Lab“ и „Exterro FTK Enforcement Bundle“, во вредност од 9 милиони денари.
По прес-конференцијата на Илиевски, за ова прашање одговор даде владината портпаролка Марија Митева.
Нејзиниот одговор на прес-конференција во Владата беше даден на новинарско прашање зошто се набавува ваков софтвер.
Митева ја демантираше прес-конференцијата на СДСМ и рече дека обвинувањата се ноторна лага.
„Прво мора да ви кажам дека целосно ја демантирам прес-конфернцијата и ноторна лага е тоа што е изнесено на неа. Од друга страна, Социјалдемократскиот сојуз е политичката партија која во време на власта го набавува тој софтвер за форензика. И точно знаат дека тој софтвер не може да функционира без лиценци. Тие лиценци на годишно ниво секогаш се набавуваат затоа што таа опрема е наменета за дигитална форензика“,
кажа Митева.