Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека ќе вложат жалба на ваквата одлука бидејќи бараат ефективен притвор за сите тројца осомничени

За еден од тројцата осомничени дека со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице пред фитнес-клуб во Чаир, судија определи мерка притвор. За другите двајца, пак, определена е мерка куќен притвор.
Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека ќе вложат жалба на ваквата одлука бидејќи бараат ефективен притвор за сите тројца осомничени.
Осомничените, како што информираа денеска од Обвинителството, се двајца браќа и нивен познаник, кои со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице пред фитнес-клуб во Чаир. Тие, во вечерните часови на 1 јуни, го довеле во опасност животот и на уште две лица.
Инцидентот, како што се наведува во краткиот опис на случајот, започнал како вербална расправија во која инволвираните првин си размениле навреди и пцости, а потоа почнале и физички да се пресметуваат. Притоа првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите.
Другите двајца оштетени повредите ги добиле додека се обидувале да ги раздвојат осомничените и да му помогнат на прободеното лице.
