Директорот на ФБИ, Каш Пател, го опиша инцидентот како „целен терористички напад“, а главниот обвинител на Колорадо, Фил Вајзер, рече оти се чини дека е злосторство од омраза, со оглед на групата што беше цел
Осум лица се повредени во напад за време на митинг на кој насобраните давале поддршка на израелските заложници во Газа, а кој се одржал вчера во центарот на Болдер, Колорадо.

Напаѓачот извикувал „Слобода за Палестина“ додека фрлал запаливи направи кон толпата.
ФБИ го третира инцидентот како терористички напад.
Повредените четири жени и четири мажи, на возраст меѓу 52 и 88 години, се префрлени во болници, соопшти полицијата во Болдер.
Властите претходно го проценија бројот на повредени на шест и рекоа дека барем еден од нив е во критична состојба.
„Како резултат на овие прелиминарни факти, јасно е дека ова е целен чин на насилство и ФБИ го истражува ова како терористички чин“,
рече специјалниот агент на ФБИ задолжен за теренската канцеларија во Денвер, Марк Михалек, пишува Ројтерс.
Михалек го именува осомничениот како Мохамед Солиман, кој бил хоспитализиран кратко време по нападот.
A man hurled Molotov cocktails at a pro-Israel hostage protest in Boulder, Colorado, setting multiple people on fire in what the FBI is calling a targeted terror attack.
— AF Post (@AFpost) June 1, 2025
Follow: @AFpost pic.twitter.com/prp7zPyeNE
Директорот на ФБИ, Каш Пател, исто така, го опиша инцидентот како „целен терористички напад“, а главниот обвинител на Колорадо, Фил Вајзер, рече оти се чини дека е злосторство од омраза, со оглед на групата што беше цел.
Шефот на полицијата во Болдер, Стивен Редферн, изјави дека не верува оти и некој друг е вмешан.
„Уверени сме дека го имаме единствениот осомничен во притвор“,
рече тој.
Нападот се случил во трговскиот центар „Перл стрит“, популарна пешачка област.
Би-би-си, повикувајќи се на информации од владини претставници дадени за Си-би-ес во Колорадо, пишува дека Мохамед Сабри Солиман е 45-годишен египетски државјанин кој во 2022 година пристигнал во Калифорнија со неимигрантска виза која истекла во февруари 2023 година. Тој неодамна живеел во Колорадо Спрингс.