Оваа директорска позиција остана празна откако полицијата во рамките на истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани го уапси Џеват Селами од коалицијата ВЛЕН. Селами во моментов е во домашен притвор

Владата го назначи досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Оваа директорска позиција остана празна откако полицијата во рамките на истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани го уапси Џеват Селами од коалицијата ВЛЕН. Селами во моментов е во домашен притвор.
Од ЦУК за „СДК.мк“ ја потврдиле информацијата дека Ангелов ќе ја преземе директорската функција во Дирекцијата за заштита и спасување.
За директор на ЦУК ќе биде поставен кадар на ВЛЕН.