Судијката Марија Клетничка-Марковска, сопруга на Сашо Марковски, советник на премиерот Христијан Мицкоски за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија, денеска беше избрана за судијка во скопскиот Апелациски суд во кривичниот оддел
Процесот на селекција за денешните судиски именувања потекнува од постапките започнати пред повеќе од три години и под услови распишани во тој оглас. Како влада го задржуваме интегритетот, останувајќи цврсто на нашата заложба за независнот и никаква интервенција во работата на правосудните органи.
Ова од Владата го изјавиле за ТВ24 по информацијата дека судијката Марија Клетничка-Марковска, сопруга на Сашо Марковски, советник на премиерот Христијан Мицкоски за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија, денеска беше избрана за судијка во скопскиот Апелациски суд во кривичниот оддел.
„За направениот избор, причините поради кој е направен истиот, одговорот треба да го дадат оние кои ги започнале постапките и ги распишале условите и оние кои го прават изборот. Владата не отстапува од ставот дека сите именувања мора да се спроведуваат со највисоки стандарди на транспарентност, отчетност и пред се почитување на владеењето на правото“,
посочиле од Владата во изјава за ТВ 24.
За судијка во скопска Апелација, од Основниот граѓанскиот суд Скопје, денеска беше избрана и сопругата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Цветанка Сиљаноска-Костадиновска.
