Оттаму го прашуваат Ахмети каде бил кога во времето на неговото владеење со Груевски, Албанците се гушеа по затвори и кога на нивното име се лепеше етикетата „терорист“
Али Ахмети никогаш не излезе на улица за својот народ и не прозборе за идеалите за својот народ. Но, сега кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите, одеднаш му текна да излезе на улица. Ова е денешната реакција на коалицијата ВЛЕН на изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, која за „Слободен печат“ рече дека ако ескминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, тој ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени пармалентарни избори.

„Дваесет години на власт и никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега кога системот што си го изгради за себе се руши, Ахмети плаче за улицата, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста“,
се вели во реакцијата на ВЛЕН.
Оттаму го прашуваат Ахмети каде бил кога во времето на неговото владеење со Груевски, Албанците се гушеа по затвори и кога на нивното име се лепеше етикетата „терорист“.
„Каде беше кога се измислуваше ‘Монструм‘, кога ‘Сопот‘ беше обвинет за тероризам, кога во Бродец се пролеа албанска крв, кога во Диво Насеље беа искористени за валкани политички сценарија“,
прашуваат од оваа коалиција.
Велат дека ДУИ знае дека на изборите го чека катастрофа, па затоа сега нивниот лидер шири страв и повикува на бојкот.
„Денес, ДУИ се обидува да се претстави како жртва, ама единствеено нешто штпо навистина ги плаши е правдата и гласовите на народот. Но, народот се разбуди. И овој пат, ниту ‘улицата‘ нема да го спаси Али Ахмети“,
велат од ВЛЕН.
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети најави масовни протести за неселективна правда, за поддршка на ексминистерот за економија Крешник Бектеши, но и на протестите организирани од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.