Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 1 мај 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Зошто е избришано правото на соседите да бидат информирани и да можат да се жалат кога се издава одобрение за градба; какви ќе бидат последиците;
– Репортажа од Спомен-домот „Блаже Конески” во Небрегово во пресрет на Денот на македонскиот јазик и одбележувањето 80 години од кодификацијата;
– На Меѓународниот ден на трудот – за жртвите на работното место: што открива статистиката, колку работниците пријавуваат небезбедни услови, како судат судовите;
– Може ли Рамсарската конвенција да го спаси Преспанското Езеро – надеж по последната посета на советодавното тело на трите држави што го делат;
– „Саботажа“.