СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници
Полицијата утре во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај поради најавениот првомајски протест.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ со движење лево по ул. „Филип Втори Македонски“, десно по ул. „11 Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. ВМРО, лево по бул. „Илинден“ до пред Влада на Северна Македонија.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Со барање за минимална плата од 500 евра и пораст на другите плати за сите вработени за 100 евра, утре, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во 11 часот ќе излезе на протест пред Работничкиот дом. Повикани да земат учество се сите синдикати во рамки на ССМ, другите синдикати, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права.
Протестот потоа ќе продолжи пред Собранието и ќе заврши пред Владата.
„Сите што му мислат добро на работникот да ни се придружат на овој 1 Мај и преку протест да изразиме работничко незадоволство поради тоа што платите во Македонија се мизерни, не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори, а Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 100 евра“,
повика минатата недела, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.