На средбата во Приштина, на која присуствувал и ексминистерот за надворешни работи и функционер во ДУИ, Бујар Османи, Ахмети нагласил дека Албанците во Македонија се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска бил во посета на Приштина каде што се сретнал со косовската претседателка Вјоса Османи. На средбата, Ахмети ѝ се пожалил на Османи за влошената позиција на Албанците во политичка и институционална смисла.

На средбата во Приштина, на која присуствувал и ексминистерот за надворешни работи и функционер во ДУИ, Бујар Османи, Ахмети нагласил дека Албанците во Македонија се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор.

„Албанците се под систематски напад од еден хибриден политичко-олигархиски блок со етнички супремацистички карактер и со политички инженеринг на албанското претставување. Уставниот суд се трансформира во партиски инструмент со кој се укинуваат темелите на еднаквоста како употребата на албанскиот јазик и механизмите на Бадентеровото мнозинство и балансерот. Ова претставува флагрантно прекршување на принципот на меѓуетничка еднаквост“,
истакнал лидерот на ДУИ на средбата со Вјоса Османи.
Додал оти земјата е оддалечена од патот на интеграцијата и соживотот, а европската агенда е маргинализирана.