На следните средби, како што најави Билал Касами, ВЛЕН ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите – локалните и централниот изборен штаб
Партиите од владејачката коалиција ВЛЕН отсега ќе дејствуваат како како еден политички субјект, под истото име.

Денешната средба во Скопје, како што соопштија на прес-конференција, била прва на претседателството на ВЛЕН.
„Претседателството на ВЛЕН е првиот заеднички орган на ВЛЕН. Отсега натаму, ВЛЕН најавува мораториум на јавни политички активности на партиите што го сочинуваат и отсега натаму сè ќе биде под името и логото на ВЛЕН“,
рече лидерот на Беса, Билал Касами, по денешната средба во Скопје.
На следните средби, како што најави Касами, ВЛЕН ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите – локалните и централниот изборен штаб. Парламентарната група на ВЛЕН во Собранието, како што напомена Касами, ќе продолжи да функционира со пратениците што ќе ја поддржат.
Покрај лидерот на Беса, Билал Касами, на средбата на ВЛЕН беа и претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, Зеќирија Ибрахими од Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување, Беким Ќоку.