Од осумтемина припадници на македонските безбедносни сили, четворица беа припадници на специјалната единица „Волци“, а четворица од посебната единица на полицијата од Битола
Пред 24 години, на 28 април 2021 година, за време на воениот конфликт во земјата, кај шарпланинското село Вејце загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, од кои четворица беа припадници на специјалната единица „Волци“ и четворица од посебната единица на полицијата од Битола.

Убиени беа Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Масакрот се случил во 17:45 часот откако од заседа беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осумтемина припадници на безбедносните сили.
Во нападот беа повредени и петмина припадници на безбедносните сили.