Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 14 април 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова
Гледаме крајно селективна, пристрасна и истрага којашто оди во насоки во коишто бега од оние што се директно одговорни по закон, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1, коментирајќи ја истражната постапка за пожарот во Кочани. Во интервјуто, Костова прашува и како премиерот Христијан Мицкоски пред неколку недели заговараше улични протести, а сега ја фали работата на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Разговараме и за тоа колку реакцијата на СДСМ по Кочани беше предодредена од тоа што лидерот Филипче беше министер кога се случи пожарот во тетовската модуларна болница, дали СДСМ се согласува со формирање анкетна комисија во Собранието која ќе ги опфати и претходните големи трагедии, дали тоа што нема протести значи дека граѓаните мислат оти власта соодветно се справува со случајот Кочани. Дел од прашањата се и за тоа колку соодветно СДСМ ја игра улогата на опозиција, подготовките за локалните избори, потенцијалните кандидати и очекувањата.