„Обдукцијата и резултатите од ПЦР-методата кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес што бил постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту постои вакцина, а често со години заболените единки не покажуваат никакви симтоми“, се вели во соопштението од скопската Зоолошка
Угинатата лама изминатиот период беше лекувана во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина. Беше направено сè од медицински аспект. Обдукцијата покажа дека таа имала туберкулоза, болест која кај животните нема лек. Ова денеска го соопштија од Зоолошката градина во Скопје, преку објава на нивниот фејсбук-профил, во која даваат објаснување за целиот процес на лекувањето на угинатата лама.
Од скопската Зоолошка градина се огласија откако денеска од Агенцијата за храна и ветеринатство соопштија дека таму пцовисале две лами.

„Обдукцијата и резултатите од ПЦР-методата кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес што бил постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту постои вакцина, а често со години заболените единки не покажуваат никакви симтоми. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беа направени туберкилински тестови на сите лами. Тие се под медицински надзор“,
се вели во соопштението од Зоолошката градина во Скопје.
Инаку, ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка.
Од АХВ посочија дека минатата недела во скопската Зоолошка градина е спроведен вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за една угината и уште една заболена лама.
„Мостри се земени и од заболеното животно, кое подоцна угинало. Резултатите од анализите што треба да го утврдат причинителот за угинување и на второто животно сè уште не се готови“,
соопштија од АХВ.
На одгледувалиштето за лами во Зоолошката градина, велат од АХВ, се наредени биосигурносни мерки со цел да се спречи ширењето на болеста.