Велика Британија на 15 јуни планира да ги отвори трговските објекти што не се од првостепена важност, соопшти премиерот Борис Џонсон. Мерката ќе опфати мали продавници и трговски центри.
Фризерските салони и козметички салони, како и хотелите ќе останат затворени поради опасноста од пренесување на ковид-19.
Џонсон на прес-конференција изјави дека пазарите на отворено и дилерите на автомобили можат да продолжат со работа од 1 јуни, сѐ додека ги почитуваат мерките против коронавирусот.
„Отворањето на тие бизниси е клучен чекор на патот за обнова на економијата“,
изјави Џонсон.
Британија е меѓу петте земји во светот со најголем број заразени и починати од ковид-19, со над 260 000 заболени и речиси 37 000 починати лица.