Во светот има 5 557 781 заболени од коронавирус, од кои 348 313 починаа, а 2 333 252 оздравеле, покажуваат податоците објавени на сајтот „Ворлдометерс“.
Според тоа, активни случаи се 2 876 216, од кои 98 проценти се со лесни симптоми ( 2 823 096), додека 53 120 се во тешка состојба.
Први на листата и натаму се САД со вкупно 1 696 547 заболени и 99 561 починати. Само во изминативе 24 часа во САД се регистрирани 10 111 новозаразени.

Втор на листата е Бразил каде нагло порасна бројот на заболени и сега изнесува 367 906, од кои само за 24 часа има 4 288. Досега од ковид-19 во оваа јужноамериканска земја починаа 22 965 од кои 249 само во едно деноноќие.
Русија регистрира вкупно 352 427 заболени од кои 8 946 во 24 часа, и 3 633 починати.
Шпанија има 282 852 заболени лица од кои 28 752 починаа.
Велика Британија има 261 184 заболени од кои 1 625 нови случаи и 36 914 починати лица.
Италија пријави 230 158 заболени од кои 300 нови за 24 часа и 32 877 починати, од кои 121 се во едноденоноќие.