Разговорите за прекин на огнот предводени од САД и претседателот Трамп се интензивираа во последниве недели, со обиди да се дефинираат јасни територијални граници што ќе ги задоволи двете страни
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува многу брзо да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина. Во изјава за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.
„Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде“,
рече Трамп, кој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.
Запрашан од новинарите дали САД ќе воведат санкции кон Русија за нејзините континуирани напади врз Украина, Трамп одговори:
„Па, тие се борат меѓу себе“.
🕊️🤔 Trump: "We are going to have a full ceasefire in Ukraine very soon."
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 21, 2025
Reporter: Russia continues to attack Ukraine, are you planning to impose sanctions?
Trump: "Well, they’re fighting against each other." pic.twitter.com/F41RI5aokH
Разговорите за прекин на огнот предводени од САД и претседателот Трамп се интензивираа во последниве недели, со обиди да се дефинираат јасни територијални граници што ќе ги задоволи двете страни. Сепак, овие преговори предизвикаа значителни контроверзии бидејќи се сметаат за отстапување од претходната американска политика за целосна поддршка на украинскиот територијален интегритет.
Администрацијата на Трамп се соочува со голем меѓународен притисок поради можноста за територијални отстапки кон Русија. Украинскиот претседател Зеленски инсистира на целосно враќање на териториите окупирани од Русија, додека Кремљ смета дека постоечките предлози не се доволни.
Асошиејтед прес објави дека Европската Унија, иако ги поздравува напорите за ставање крај на конфликтот, изразува загриженост за можниот преседан што може да го создаде евентуалната поделба на Украина, нагласувајќи ја потребата од зачувување на територијалниот интегритет на Украина.