Владата ги стокми измените на Законот за медиуми, со што и порталите ќе станат медиуми. Се воведува и регистар на професионални онлајн медиуми, каде ќе може да влезат само оние портали кои ќе исполнат неколку услови
Ние разговаравме со граѓаните – дали има потреба од регулација на онлајн порталите и ако да – каква. Скоро сите сметаат дека и онлајн медумите треба да следат правила и стандарди, но и речиси никој не е подготвен да плати за содржините што ги произведуваат професионалните онлајн портали, како што, на пример, се плаќа за професионален весник
Во рубриката „Микрофонот е ваш“ даваме повеќе простор на граѓаните да го искажат своето мислење за теми кои се од поширок јавен интерес. Во ова издание зборувавме за онлајн порталите. Во актуелното законодавство тие не се медиуми, а сѐ повеќе граѓани се информираат од нив. Но, на праг се законски измени со кои тоа ќе се смени.