Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 13 март 2025 г. на МРТ 1
Теми во ова издание:
– За истрагата на ОЈО ГОКК за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ – како Ерџан Сулкоски за само 24 илјади евра стекна 65% од фирмата на Ратко Капушевски – „РКМ“, во момент кога таа имаше обезбедено бизнис од најмалку 112 милиони евра со државата;
– Анализа на досегашните ефекти од првиот повик на Владата за поддршка на инфраструктурни проекти на општините – потрошени се помалку од 10 отсто од предвидените пари;
– Зошто трошењето на средствата за општинските проекти оди бавно – кратко интервју со министерот за локална самоуправа Златко Перински;
– Истражување на Центарот за граѓански комуникации – 8,5 милиони евра се потрошени за службени возила во изминатите две години; во 70% од тендерите се пријавил само еден понудувач;
– „Саботажа“.