На состанокот, како што се додава, се разговарало и за други клучни украински позиции за идните преговори

Украина нема да се согласи да се откаже од членството во НАТО како дел од потенцијалниот „мировен договор“. Ова, како што пишува украинскиот весник „Европска правда“, било кажано на состанокот со американската делегација во саудискиот град Џеда.
Весникот, повикувајќи се на извор што е запознаен со преговорите, пишува дека иако состанокот немал за цел финализирање на широк договор, украинската страна ги информирала американските партнери за своите црвени линии.
„Разговаравме и за прашањето на НАТО и јасно ставивме до знаење дека за Украина тоа не може да биде отстрането од агендата“,
изјавил изворот.
На состанокот, како што се додава, се разговарало и за други клучни украински позиции за идните преговори.
„За Украина постојат црвени линии – вклучително и дека не може да има ограничувања за големината на одбранбените сили и нема забрани за учество на Украина во меѓународните организации, вклучително и ЕУ и НАТО. Прашањето за НАТО, исто така, беше во забелешките на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, нагласувајќи дека Русија не смее да има право на вето“,
додал изворот.
На состанокот на украинската и американската делегација во што се одржа во вторникот во Џеда, Украина објави дека прифаќа 30-дневно примирје.
Во видеообраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати американскиот предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера рече дека се согласува со предлогот за прекин на огнот во Украина, но додаде дека има нијанси делови и дека секој договор треба да води кон долгорочен мир.