Според Управата за хидрометеоролошки работи оваа седмица подрачјето на земјава ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топлото време за овој период од годината. Во вторник и среда, особено во вечерните и ноќните часови, ќе има локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Се очекува и слаб до умерен ветер кој ќе дува од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус четири до два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 до 23 степени.
И за Скопје синоптичарите прогнозираат сончево и топло време со слаб ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град денеска ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи оваа седмица подрачјето на земјава ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топлото време за овој период од годината.
По сончевото време денеска, во вторник и среда, особено во вечерните и ноќните часови, ќе има локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во претпладневните часови во четврток. За време на овој период ќе дува и засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.