Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46-годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки

46-годишен маж од ресенско загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне на регионалниот пат Битола-Ресен кај местото викано Макази.
Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46-годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки.
Потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47-годишен жител на ресенско село со кого имало и сопатник.
Од ударот на лице место починал 46-годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Ресен.
Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница во Битола за укажување лекарска помош.
Регионалниот пат од местото Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, информираат од СВР-Битола.