Според неа, иако собирот на поддржувачите на власта нема да се организира на 15 март, сепак може да се очекува друг термин
Нема да има контарамитинг, односно голем собир организиран од властите во Белград, изјави во телевизиско гостување претседателката на парламентот на Србија, Ана Брнабиќ.

„Деновите 14, 15 и 16 март се работни денови. Тогаш парламентот ќе заседава за ситуацијата во Република Српска. Ќе има посебна седница за ситуацијата во РС. На неа ќе го поканам претседателот на Република Српска, Мирослав Додик. Па, ако некој сака да ги окупира институциите, нека се сети во кој момент го сака тоа за Србија“,
рече таа.
Смета дека поголем број од студентите ќе се оградат од идејата за упад во собранието.
Според неа, иако собирот на поддржувачите на власта нема да се организира на 15 март, сепак може да се очекува друг термин.
Посочи дека оваа влада никогаш никогаш не организирала контрамитинг.
Студентите од крајот на ноември блокираа повеќе од 60 факултети низ државата, бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад, како и гонење на одговорните за нападите врз нив и врз другите граѓани за време на протестите.
Владата на чело со српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека барањата на студентите се исполнети, додека тие, од друга страна, ги отфрлаат ваквите наводи и понатаму продолжуваат да бараат одговорност.