Сенаторот Линдзи Греам, кој инаку беше силен поддржувач на Украина, во изјава за медиумите пред Белата куќа ја нарече средбата меѓу двајцата лидери апсолутна катастрофа и пропуштена шанса
По неочекувано тензичната средба на американскиот и украинскиот претседател во Белата куќа, републиканскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба или суштински да се промени или да си поднесе оставка и да работиме со некој со кого може да се преговара.

Сенаторот Греам, кој инаку беше силен поддржувач на Украина, во изјава за медиумите пред Белата куќа ја нарече средбата меѓу двајцата лидери апсолутна катастрофа и пропуштена шанса.
„Зеленски ќе мора или суштински да се промени или да си замине. Она што го видов денес во Овалната соба беше непочит – начинот на кој се однесуваше на состанокот, начинот на кој му конфронтираше на претседателот Трамп. Не знам дали ќе можеме да работиме со Зеленски. Не можам да верувам дека повеќето Американци, по она што го видоа денес, би сакале да бидат партнери со него“, изјави сенаторот Линдзи Греам.
Сенаторот додаде дека врската меѓу Украина и САД е од витално значење, но изрази сомнеж дека Зеленски би можел да постигне договор со САД по денешниот состанок во Белата куќа. Од друга страна, рече дека никогаш не бил погорд на американскиот претседател, за кого рече оти бил оптимистичен за средбата со Зеленски.
„Некој ме праша дали сум засрамен од претседателот Трамп. Никогаш не сум бил погорд на него и на Џеј Ди Венс“, рече Греам и додаде дека Трамп бил шокиран од средбата со Зеленски.