„Ако само еден граѓанин ја затвори сметката, се враќаат налози за други 8 000 граѓани. Тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализација на услугата“, рече Петрова
Исплатата на парите од услугата „Мој ДДВ“ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, посочувајќи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночни пријави поднесени до 25 јануари, по што почнува исплатата на средствата од „Мој ДДВ“.

„Во самиот процес се случува граѓани да променат трансакциски сметки, а УЈП доставува групни налози до Трезорот. Често ни ги враќаат заради угасени сметки во самиот тек на поврат на средствата. Ако само еден граѓанин ја затвори сметката, се враќаат налози за други 8 000 граѓани. Тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализација на услугата“, рече таа.
Додаде дека граѓаните ќе ги добијат средствата на време.
За исплата на „Мој ДДВ“ за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.
За побарувањата за поврат на ДДВ за компаниите, Петрова вели дека се разгледуваат малку потемелно и се прават подлабински контроли.
„Кога дојдов на функцијата наследивме и неодобрени побарувања, но и одобрени, а неисплатени. Тие се ставени на проверка, но самите бројки покажуваат дека во континуитет се реализира повратот на ДДВ“, кажа Петрова.
Според неа, повратот на ДДВ е динамична материја, односно дека до 25 февруари се поднесени нови даночни пријави, што значи дека има и нови барања за поврат на ДДВ.
„До крајот на месецов, како и до 15 март е законскиот рок да поднесуваат исправки на даночни пријави за 2024 година за друга група корисници, што значи дека и тука ќе настанат промени, некои побарувања че бидат повлечени или намалени, ќе дојдат нови побарувања“, вели директорката.
Во врска со истрагата за поврат на ДДВ за „фантомските фирми“, рече дека УЈП ги заврши инспекциските контроли,
За истрагата за поврат на ДДВ за „фантомските фирми“ посочи дека УЈП ги заврши инспекциските контроли, кои се доставени до истражните органи. Вкупната сума на утврден непријавен и помалку платен данок во овие контроли изнесува околу четири милијарди денари.
За повратот на ДДВ заостанат од претходната влада, посочи дека се расчистува тековно.
