Нанесена е штета на буџетот на установата во износ од 46 520 денари
Директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид без одлука на Управниот одбор на установата и без уредна покана патувал во странство, спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Г. С. (48), СВР Охрид поднесе кривична пријава.
„Со тоа директорот нанел штета на буџетот на установата во износ од 46 520 денари“, се вели во соопштението од СВР Охрид.