Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (27 февруари 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Од шест затворени базени што почнале да се градат со јавни пари во 2020 година, само во еден се плива – зошто не се завршени другите иако рокот за градба бил 18 месеци;
– На тема неизградени базени – интервју со министерот за спорт Борко Ристовски;
– Регулација на интернет-порталите – без најмалку тројца редовно вработени нема регистрација; први реакции на засегнатите страни;
– Реакција од Енергетската заедница по разрешувањето на двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) – се поткопува независноста на РКЕ; од власта велат дека разрешените воопшто и не требало да бидат избрани;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.