Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 8, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 Целзиусови степени
Денеска нè очекува претежно облачно време, со магла по одделни котлини. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 8, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно. Во делови од котлината претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисток. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 3 до максимални 12 степени.
Променливо облачно време со локален дожд УХМР најавува и за следните денови.
