Поради непријавен имот пред или по стапување на пратеничките функции, меѓу другите, со глоба од 300 евра се казнети Изет Меџити, Иванка Василевска, Арбер Адеми, Борислав Крмов, Јована Мојсовска, Хусни Исмаили, Марија Костадинова, Сафије Садики-Шаини, Љатифе Шиковска, Беким Ќоку…
Меѓу ексфункционерите кои треба да платат казна поради кршење на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се и поранешниот собраниски спикер Талат Џафери и неговиот сопартиец од Демократската унија за интеграција (ДУИ) – поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби
Осумдесетина поранешни и актуелни носители на јавни функции треба да платат парична казна од 200 до 500 евра откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди дека ги прекршиле одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Главно, казните се изречени поради непријавување имотна состојба до ДКСК пред или по изборот или именувањето на јавните функционери.

Во листата на функционери кои го прекршиле Законот се и низа пратеници од речиси сите парламентарни партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, ДУИ, Алијанса за Албанците, пратеници од партиите од коалицијата „Вреди“ итн.
Поради непријавен имот пред или по стапување на пратеничките функции, меѓу другите, со глоба од 300 евра се казнети Изет Меџити, Иванка Василевска, Арбер Адеми, Борислав Крмов, Јована Мојсовска, Хусни Исмаили, Марија Костадинова, Сафије Садики-Шаини, Љатифе Шиковска, Беким Ќоку…
Меѓу ексфункционерите кои треба да платат казна поради кршење на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се и поранешниот собраниски спикер Талат Џафери и неговиот сопартиец од Демократската унија за интеграција (ДУИ) – поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби.
Џафери треба да плати казна во износ од 300 евра поради истовремено извршување на пратеничката, но и функцијата технички премиер на Владата на С Македонија. Артан Груби, пак, треба да плати глоба во износ од 200 евра бидејќи не ги доставил бараните информации до ДКСК во пропишаниот рок од 15 дена.
Антикорупциска соопшти дека согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци. Од донесувањето на Законот, ДКСК ги нема јавно објавувано овие информации, но најавува дека во иднина ова ќе биде редовна пракса.
„Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија. ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата“, наведуваат од Комисијата во писменото соопштение.
Јавно објавените информации ќе бидат достапни во период од две години по нивното објавување.