„Ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјавил Меџити на партиски настан во Шуто Оризари
Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и лидер на Демократското движење, синоќа на партиски настан во Шуто Оризари дал „силно ветување“ дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања на Албанци во државна и јавна администрација отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.
„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“,
изјави Меџити, информираат од Демократското движење.
Како што се наведува во партиското соопштение, тој додал дека Демократското движење е посветено на обезбедување поправично и подостоинствено претставување на Албанците во државните институции, создавајќи конкретни можности за вработување и професионален развој.