За утре се најавува многу студено утро и сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот
Наутро многу студено, преку денот сончево – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде од минус 13 до минус 4 Целзиусови степени во утринските часови, а во текот на денот ќе се движи во интервал од 1 до 10 степени.
Во Скопје, наутро ќе биде студено и со температура до минус 9 степени, а во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се искачи до 9 степени.
За утре се најавува многу студено утро и сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде од минус 12 до 3 Целзиусови степени, а максималната од 1 до 8 степени.
Од недела синоптичарите најавуваат дека ќе следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Од понеделник, според УХМР, се очекува да има услови за слаби локални врнежи, претежно од дожд, а на планините од слаб снег.