Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови од земјата ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.
Поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува.
Како што соопшти УХМР, во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.