И следните денови времето ќе биде реелативно топло за овој период од годината
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините ќе биде магливо, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени“,
вели прогнозата на УХМР.
Во Скопје, пак, ќе биде магливо, променливо облачно и претежни тивко.
Од утре вечер кон четврток се очекуваат повремени врнежи од дожд. И следните денови времето ќе биде реелативно топло за овој период од годината.