Попладнево, според информациите објавени на веб-страницата на скопскиот аеродром, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава, исто така, не успеал да слета на скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска
Поради магла, отежнат е авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Според информацијата на интернет-страницата на скопскиот аеродром, дел од летовите се откажани или пренасочени.
Според последните информации од веб-страницата на аеродромот, откажан е летот од Истанбул, додека летот од Цирих е пренасочен.
Попладнево, според информациите, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава, исто така, не успеал да слета на скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.
Густата магла која ја покри Скопската Котлина драматично го зголеми и нивото на загаденост во главниот град. Според податоците на„Ај-ку ер“, квалитетот на воздухот е во црвената графа со назнака „нездрав“. Според нивните податоци, добиени од нивните шест станици во градот, нивото на ПМ 2,5 честички е највисоко во Центар и изнесува 102 микрограми на кубен метар.
Уште подраматичен е податокот на AQICN, според чиј индекс на загаденост состојбата со воздухот во Скопје е ризична, со предупредување за исклучително штетно влијание врз здравјето на граѓаните. Измерените суспендирани ПМ 10 честички се на неколкукратно повисоко штетно ново од дозволеното.
