Оттаму нагласуваат дека изјавите на Мицкоски, „не само што ги преминуваат сите демократски и политички граници, туку разоткриваат една единствена вистина – неговата неспособност да ја води државата и да понуди вистински решенија за граѓаните
Нападите врз ДУИ не се ништо друго освен обид да се прикрие неспособноста на владата да се справи со сериозно нарушените меѓуетнички односи, растечката инфлација, неуспехот во европските интеграции и континуираното назадување на државата, реагираат од ДУИ по вечерашните изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека партијата на Али Ахмети се наоѓа на пат на радикализација и криминализација.
Оттаму нагласуваат дека изјавите на Мицкоски, „не само што ги преминуваат сите демократски и политички граници, туку разоткриваат една единствена вистина – неговата неспособност да ја води државата и да понуди вистински решенија за граѓаните“.

„Кога премиерот на една држава го користи своето влијание за демонизација на политички опоненти, наместо да ги адресира вистинските кризи, тоа е аларм за целото општество. Ова е стратегија на слабост – да создадеш непријател таму каде што го нема, за да го одвлечеш вниманието од вистинските проблеми. Но, граѓаните не се наивни. Тие гледаат како премиерот го користи своето време и ресурсите на државата за лични реваншизми, додека училиштата, болниците и економијата тонат. Премиерот Мицкоски очигледно ги има помешано своите надлежности. Наместо да се грижи за стандардот и перспективата на граѓаните, тој се поставува во улога на обвинител и судија, истовремено прогласувајќи виновници без да има процес во кој ќе се докаже вината или невиноста“,
велат од ДУИ.
Според интегративците, најголемата опасност од реториката на Мицкоски е што таа целно го поткопува Охридскиот рамковен договор.
„Неговите зборови не се само политички напад, тие се напад врз заедничката визија на сите граѓани за европска Македонија. Наместо да биде премиер за сите, Мицкоски избира да биде премиер на поделби и омраза. Тврдењата за радикализација и милитаризација на ДУИ се толку лажни и провидни што дури и неговите сопствени поддржувачи гледаат низ нив. Тоа е класична тактика на политичари кои немаат резултати – да создадат лажни кризни сценарија и да ги користат институциите за политички прогон. Но, премиере, вашите манипулации имаат граница. Северна Македонија не е ваша играчка, а граѓаните не се ваши пиони“,
порачаа од ДУИ и нагласија дека остануваат посветени на мирот, стабилноста и европската иднина на државата.