Дел од медиумите објавија неофицијална информација дека приведениот е син на поранешен висок функционер и дека предупредил криминални групи за акцијата на МВР против нив

Министерството за внатрешни работи потврди дека синоќа било приведено едно лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“.
Делото е поврзано со акции на полицијата извршени месецов против криминална група.
„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело ‘Оддавање службена тајнa’, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“,
велат од МВР.
Дел од медиумите објавија неофицијална информација дека приведениот е син на поранешен висок функционер и дека предупредил криминални групи за акцијата на МВР против нив.