Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува

Времето денеска наутро е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје утрото беше магливо, а во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.
Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.