Под влијание на студен воздух од север и циклонска активност, почнувајќи од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег, понекаде и во пониските места
Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и на двете места покажува -7 степени. Разликата е во снежната покривка. На Шапка се измерени 32 сантиметри, а на Маврови Анови 29 сантиметри. Пет сантиметри снежна покривка има и на Ѓурште.
Други места во земјава каде утрово се измерени минусни температури се:
- Крушево -6,
- Битола -5,
- Крива Паланка,
- Охрид,
- Прилеп и Претор -4,
- Велес и Берово -2,
- Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2,
- Штип и Демир Капија -1.
Најтопло е во Гевгелија со 3 степени.
Последните 24 часа, од утре повеќе снег
Во изминатото деноноќие, до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во:
- Демир Капија 11 l/m2,
- Кавадарци -9 l/m2,
- Струмица -7 l/m2,
- Берово -5 l/m2,
- Прилеп -4 l/m2,
- Велес, Битола и Виница -2 l/m2 и
- Гевгелија, Маврови Анови и Пожаране по 1 l/m2.
Преку ден, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Од утре (понеделник), под влијание на циклонска активност и студен воздух од север, ќе започнат нови врнежи претежно од снег. Во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни. Ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има понекаде и во пониските места.