За обвинувањата од СДСМ дека наводно Груби е пуштен да замине, Мицкоски рече дека ова за многу брзо ќе биде демантирано, бидејќи како што рече заложбата на Владата е да има правна држава во која ќе има одлучна борба против криминалот и корупцијата
За Артан Груби и за сите оние за кои што постои основано сомневање дека сториле криминал, треба од страна на обвинителството да биде докажано дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка врз основа на доказите и обвинението, а обвинетиот да докаже во судска процедура дека е невин. Така би требало сето ова да функционира, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју на МТВ.
Според него, со самото тоа што некој е бегалец и не е достапен на органите на прогон, тој потрврдува дека е виновен.
За обвинувањата од СДСМ дека наводно Груби е пуштен да замине, Мицкоски рече дека ова за многу брзо ќе биде демантирано, бидејќи како што рече заложбата на Владата е да има правна држава во која ќе има одлучна борба против криминалот и корупцијата.
„Кај опозицијата, посебно кај СДСМ, гледам еден проблем кој што можеби Фројд го има најдобро дефинирано со потсвеста. И сега нивната политика, која што во моментот на таа тема е фројдовска и има проблем со нивната лична потсвест, е збунувачка во јавноста, бидејќи ако кај нив работи потсвеста и реминисенција прават на некои минати времиња, кога со планови бегалците од правдата ја напуштаат државата, па сега тоа го проектираат според нивната оптика денес, мислам дека е погрешна порака, која што многу брзо ќе биде демантирана“,
рече тој.
Тој додаде дека некои други опозициски партии велеле „се симнаа едните, дојдоа другите“ и оти нивната порака делувала дека ништо нема да биде.
„Рековме да почекаат затоа што не сакаме да правиме естрада од сето ова и таму каде што постојат докази ќе треба да има и одговорност. Кога почнаа првите слукаи велеа дека ништо не се случи. Кога се отворија поголеми случаи велеа дека ќе се заврши на еден или двајца. Сега кога имаме почеток на една робусна акција веднаш велат дека намерно сме ги пуштиле“,
додаде Мицкоски.
Според него, акцијата се прави во името на правната држава и борбата против криминалот и корупцијата и додава дека граѓаните тоа го препознавале и даваат поддршка.
„Јас не очекувам раководството на СДСМ или другите опозициски партии да излезе и да аплаудира да каже браво успешно завршена акција. Тие ќе продолжат со измислици, со монтажи, конструкции, важно е чувството на надеж дека се враќа и тоа го гледаме кај анкетите. Не велам дека е брилијантно, не велам дека ние чуда направивме за шест месеци, чуда се невозможни“,
рече Мицкоски.
Околу заминувањето на Груби преку граничниот премин „Долно Блаце“ денеска од СДСМ рекоа дека еден од полициските службеници, кој вчера беше суспендиран и против кого е поведена дисциплинска постапка, е поставен на таа позиција Тошковски станал министер.
На ваквите обвинувања реагираше министерот Тошковски кој рече дека Министерството за внатрешни работи (МВР) поседува видео-запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службник којшто бил на смена во рамки на граничната полиција во моментот кога Артан Груби ја напуштил државата.