Телото на загинатиот сопственик на куќата било пронајдено при гаснењето на пожарот од екипа на скопската Бригада за противпожарна заштита
Седумдесет и едногодишен скопјанец го загубил животот во пожар кој изминатата ноќ избувнал во неговиот дом на улицата „Финска“, а неговата 68-годишна сопруга е хоспитализирана со симптоми на гушење.
Пожарот, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), во СВР Скопје бил пријавен ноќта меѓу вторникот и средата, педесетина минути после полноќ.
„При гаснење на пожарот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје бил пронајден починат сопственикот М.А. (71), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Неговата сопруга А.В. (68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“,
се вели во информацијата од МВР.
По гаснењето на огнот, увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.
Засега нема информации за причините за пожарот.