Смета дека Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација
Лидерот на политичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов, вчера изјави дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за состојбата на државата на меѓународен план, но и за состојбите со соседна РС Македонија, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
„Од разговорот разбрав дека последните две-три години во ЕУ и НАТО имаше многу процеси што се однесуваат на Северна Македонија, а кои се одвиваат без учество на Бугарија, од кои земјата изгуби многу време. Затоа мора да формираме влада и да го зацврстиме нашиот став“,
вели лидерот на ГЕРБ.
Смета дека Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација.
„Јас сум оптимист за формирање влада бидејќи она што го гледам на меѓународен не обврзува на тоа како народ, како држава, како народ“,
рече тој.
Од почетокот на неделава преговарачкиот тим на ГРБ-СДС води разговори за изнаоѓање на мнозинство.
Според него, преговорите за мнозинство и влада се одвиваат добро, а колку помалку се зборува толку се поголеми шансите за успех.
Досега Мицкоски неколкупати посочи дека за прашањето на нашиот евроинтегративен процес потребно е во Бугарија да се формира влада, па потоа да се разговара за позициите.